За Нас

Флексопринт

Фамилијарна компанија основана во 2000 година

Од почетокот па се до денес се специјализираме и надградуваме во процесите на печатење, ламинација, сечење и целосна подготовка и изработка на полимерни плочи.

Инвестирањето во нови/современи машини, технологија како и обука на стручен кадар е нашиот приоритет, со којшто сме спремни да ги прифатиме и реализираме стандардите на нашиот и интернационалниот пазар.                

Флексо Принт е компанија која има можност да понуди дизајнирана флексибилна амбалажа за својата клиентела. Оваа можност произлегува од нејзината организација која е дизајнирана да донесе креативни и иновативни решенија преку ефективно управување со проект

Флексо Принт уште од своето постоење инвестира во одржување на континуиран раст и е доверлив партнер за вашите сегашни и идни потреби за пакување. Нашата компанија ги следи вашите потреби и се труди вашата амбалажа да биде обликувана со исти нијанси на бои во секое време. ТП Флексопринт Скопје е во согласност со барањата од ИСО 9001/2015 којшто ги исполнува сите процеси  на планирање и развој, производство и контрола на квалитет, продажба и целосна безбедност на истите. Денеска Флексопринт брои 50 вработени и е во постојан раст и развој. Нашите клиенти се основата на која ние ја градиме нашата одговорност и посветеност.

Клиенти

Контактирајте не!